Ешдаун: без учество на Русија во борбата со ИД на светот му се заканува религиозна војна

Западот, за жал, се откажува од учеството на Русија во коалицијата против „Исламската држава“, пишува британскиот политичар Педи Ешдаун во својата статија во The Times.

Западот, за жал, се откажува од учеството на Русија во коалицијата против „Исламската држава“, пишува британскиот политичар Педи Ешдаун во својата статија во The Times.

„Русија е потребен сојузник во борбата со исламскиот екстремизам. Алтернативата е глобална религиозна војна“, смета Ешдаун.

Според него, Русија има повеќе карти во ракавот во врска со борбата со ИД поради случувањата на нејзина територија – во Дагестан и Чеченската Република.

„Моите пријатели од Вашингтон ми кажаа дека Русија не сакаат да ја вовлечат во тоа поради нарушените односи меѓу Барак Обама и Владимир Путин“, забележа Ешдаун, додавајќи дека тие несогласувања треба да се разрешат.

Според неговите зборови, проширувањето на коалицијата со дури пасивно учество на Русија би довело до прифаќање на резолуција во Советот за Безбедност на ООН, со што би се зголемиле шансите за ограничување на кризата поврзана со дејноста на радикалните исламисти.

„Бомбите на Западот“, продолжува Ешдаун, ќе помогнат само да се засили Исламската држава. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња