Новата руска воена опрема „Ратник“ ќе започне да се користи и тестира во руската армија во декември 2014 година, соопшти за новинарите генерал-полковник Олег Саљуков.
Претходно генералниот директор на ЦНИИТОЧМАШ, Дмитриј Семизоров соопшти за РИА „Новости“ дека воената опрема „Ратник“ ќе започне да се користи во септември, а нејзиното целосно прифаќање во сите единици на руската армија ќе се случи во текот на 2015 година.
„Во моментов се спроведува завршната етапа на државните испитувања, и од декември годинава ќе започне експлоатацијата на новата борбена опрема во пешадијата, десантните војски и морската пешадија“, изјави Саљуков.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче