Авион со руска хуманитарна помош слета во Белград

Рускиот транспортен авион Ил-76 во средата во Белград испорача речиси 27 тони хуманитарна помош, соопшти за РИА „Новости“ претставник од оперативната група.

Рускиот транспортен авион Ил-76 во средата во Белград испорача речиси 27 тони хуманитарна помош, соопшти за РИА „Новости“ претставник од оперативната група.

„Во 11:59 по московско време во Белград слета авион со кој се испорачани 26,8 тони хуманитана помош: производи, ќебиња, бела техника“, изјави соговорникот за РИА „Новости“.

Во првата половина на септември Русија испорача хуманитарна помош на жителите на Босна и Херцеговина кои настрадаа од поплавите. Тогаш Сараево доби повеќе од 38 тони хуманитарна помош.

Поплавите во балканскиот регион се случија во средината на мај после долгите падежи дожд, кои доведоа до излевање на реките од бреговите и појава на лизгања на земјиште. Ударот на природната стихија го почувствуваа жителите на Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња