Анкета: половина од Русите сметаат дека сега не е време да се земаат кредити

Повеќе од половина од Русите (63%) сметаат дека сега не е најдобро време за да се земаат кредити, соопштува Серускиот центар за проучување на јавното мислење (ВЦИОМ).

Повеќе од половина од Русите (63%) сметаат дека сега не е најдобро време за да се земаат кредити, соопштува Серускиот центар за проучување на јавното мислење (ВЦИОМ).

Според податоците на ВЦИОМ, само 23% од анкетираните сметаат дека сега е „најдобро време“ за да се подигне кредит. 14% се воздржаа од одговор на ова прашање.

Барем еднаш во животот кредити зеле 57% од Русите, 20% - само еднаш, 33% - неколку пати а 4% - постојано. Никогаш не зеле кредити 42% од анкетираните. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња