Министерството за одбрана на Русија соопшти дека пораснала довербата кон армијата во општеството

За една година бројот на Руси кои им веруваат на Вооружените сили на својата земја порасна за една третина, до 86%.

За една година бројот на Руси кои им веруваат на Вооружените сили на својата земја порасна за една третина, до 86%, соопшти во вторникот пред новинарите началникот на главната организациско-мобилизациска управа при Генералштабот, генерал-поручник Василиј Тонкошкуров.

Според неговите зборови, овие резултати ги дала анкетата извршена од ВЦИОМ, во која зеле учество граѓани на Руската Федерација од 130 населени места во 42 региона.

„Голем дел од учесниците во анкетата веруваат во руската армија. За една година бројот на таквите граѓани порасна за една третина (од 66% во 2013 година). Притоа, бројот на оние кои не веруваат во армијата се намали за три пати – од 21% на 7%“, изјави Тонкошкуров. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња