Клепач: рецесија во Русија нема да има доколку не бидат воведени нови санкции

Заменикот шеф на Внешекономбанк, Андреј Клепач не очекува рецесија во руската економија во 2015 година доколку против Русија не бидат воведени нови санкции; исто така растот на БДП на Русија може да биде помал од официјалните прогнози.

„Ако се воведе уште една партија санкции, ако се ограничи извозот на енергенси, може да се појави рецесија, но мислам дека при задржување на сегашните услови, нема многу услови за рецесија, иако економскиот раст ќе биде понизок отколку во првичната прогноза. Помал за 1 до 1,2% од официјалната прогноза“, изјави Клепач за новинарите.

Тој подвлече дека сега треба да се преземат мерки за реализација на потенцијалот за раст на економијата. „Може на најразличен начин истиот да се оцени, 2% помалку или 2% повеќе. Потенцијалот за раст на руската економија има, а ние него многу лошо го искористуваме“, додаде заменикот шеф на ВЕБ. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња