Курсот на рубљата во услови на намалени цени на нафтата нема поддршка за раст, смета заменикот претседател на Внешекономбанк, Андреј Клепач.
Рубљата во септември доживеа снижување, губејќи ги позициите поради високите геополитички ризици и падот на цената на нафтата. Освен тоа, на валутниот пазар расте загриженоста дека ќе се појави дефицит од странски валути: според оценката на учесниците на валутниот пазар, на руските компании до крајот на годината ќе им требаат повеќе од 100 милијарди долари за подмирување на надворешните долгови и камати. Најголемата потреба од валута за исплаќање на долговите ќе се појави во ноември.
„Не сметам дека сега има услови за раст на руската валута, бидејќи има одлив на капитал... Второ, цената на нафтата се наоѓа релативно ниско“, изјави Клепач за новинарите.
Тој додаде дека во случај цената на нафтата да порасне до 100 долари за барел, рубљата ќе започне да јакне; ако цената остане на ова ниво, во краткорочна перспектива нема да има услови за раст на националната валута.
Повеќе околу темата:
Светската банка објави раст на руската економија
Девалвацијата на рубљата и санкциите доведоа до пораст
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче