ЕЕК: санкциите нема да влијаат на позициите на Русија на светската трговска арена

Санкциите од западните држави не влијаат на позицијата на Русија на светската трговска арена, иако статусот-кво е опасен, изјави министерот за трговија при Евроазиската економска комисија, Андреј Слепнев на форумот „Конкурентноста на рускиот бизнис на меѓународните пазари“.

Односите меѓу Русија и Западот се влошија поради ситуацијата во Украина. Кон крајот на јули ЕУ и САД воведоа санкции против цели сектори на руската економија, вклучувајќи го и банкарскиот и нафтениот сектор. Како одговор на тоа, Русија го ограничи увозот на земјоделски производи од државите кои воведоа санкции против неа.

Според зборовите на Слепнев, целосниот ефект од санкциите кои се воведени против Русија засега е минимален, а ограничен на среднорочна перспектива.

„Секако, ако санкциите траат долго, ефектот ќе се почувствува. Безусловно, го поддржувам мислењето дека санкциите нема да повлијаат на нашата позиција во светската трговска арена. Секако, ако сегашнава состојба остане, постои ризик“, изјави министерот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња