Секој втор граѓанин на Русија планира во иднина да го посети Крим, а притоа, поголемиот дел од Русите би им препорачале на своите пријатели и блиски да заминат на полуостровот, сведочат податоците од анкетата на Серускиот центар за изучување на јавното мислење (ВЦИОМ), објавени за време на конференцијата за печатот организирана од Центарот во „Русија денес“.
Крим и Севастопол станаа руски региони после одржаниот референдум во март 2014, кога најголемиот број од жителите се изјаснија за излез од составот на Украина и влегување во составот на Русија. Според кримските власти, оваа година околу 85 до 90% од туристите на Крим дошле од Русија. Притоа, на полуостровот летувале 2,7 милиони лица, а до крајот на сезоната се очекуваат околу 3 милиони.
Според податоците од анкетата, летово 10% од Русите планирале да заминат на Крим, 3% ја оствариле својата замисла, а 7% не можеле да заминат. Освен тоа, 5% не планирале да одмараат на Крим, но сепак, заминале.
Повеќе од половина од Русите (51%) изјавиле дека планираат во блиска иднина да го посетат полуостровот, додека 30% не планираат такво патување.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче