Во Русија е создаден комплекс за работа во зона на хемиска контаминација

Прототип од новиот мобилен комплекс, кој дозволува истовремено да се контролира хемиската и радијациската состојба во зоните каде се случила катастрофа или има отпад, е создаден во рамките на федералната програма „Национален систем за хемиска и биолошка безбедност на Русија (2009-2004)“.

Според податоците на програмата, во моментов на територијата на Русија има насобрано околу 2 милијарди тони токсични отпадоци.

Најмногу токсични отпадоци има во Приволжшкиот федерален округ, како и во Централниот округ. Во нив има во просек по 400 тони токсичен отпад на еден квадратен километар.

„Создаден е мобилен прототип на комплекс за преработка на опасни индустриски отпадоци – „Эксперт ЧС-РХ“. Најголемиот од нив се наоѓа на полигонот Црвен Бор во Ленинградската област, каде има повеќе од 1,8 милиони тони токсични отпадоци“, се кажува во извештај на Министерството за вонредни состојби на Русија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња