Путин: Касписките земји ќе извршат заеднички маневри во 2016

Москва им предложи на касписките земји (Иран, Казахстан, Азербејџан и Туркменистан) во 2016 година да извршат заеднички маневри на службите за реагирање во вонредни состојби, изјави претседателот на Русија, Владимир Путин, а пренесува РИА „Новости“.

„Како прв чекор предлагаме во 2016 година да се организираат опсежни петтострани маневри на службите за реагирање во вонредни состојби, што ќе овозможи во пракса да се извежбаат процедурите за известување и координација меѓу спасувачките единици“, изјави Путин на заседанието во проширен состав во рамките на четвртиот самит на касписките држави.

Учесниците на каспискиот самит, исто така, ја усогласија политичката изјава со која за прв пат се утврдени идните договори за статусот на Каспиското море, изјави Путин.

„Каспиското море и неговите богатства се стратешко наследство на сите држави, а нивното зачувување претставува наша одговорност“, изјави Путин. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња