Русија и Иран имаат доста слични позиции за многу регионални и билатерални прашања, изјави претседателот на Иран, Хасан Рухани за време на средбата со шефот на руската држава, Владимир Путин.
„Нашите држави имаат слични позиции за многу регионални прашања“, изјави Роухани.
Каспискиот самит тој го нарече „успешен“, забележувајќи дека „договорите кои се постигнати денес се резултат на интензивните напори на вашата држава и колеги (мислејќи на Русија)“. „Атмосферата која владееше на самитот беше добра и сведочеше за тоа дека сите држави сакаат развој на соработката“, изјави претседателот на Иран.
„Не е важен бројот на средби, туку тоа каков прогрес е постигнат за време на тие средби“, додаде тој.
Шефовите на касписките држави за време на средбата во понеделникот донесоа политичка изјава со која се установува дека дејноста на државите околу Каспиското езеро ќе се извршува врз основа на усогласени принципи од нивна страна, преку „почитување на суверенитетот, територијалната целосност, независност на државите, непримена на сила или закана со употреба на сила, заемна почит, соработка и немешање во внатрешните работи на другите држави“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче