Кавешников: Европската унија не е СССР, ќе најде начин да си го врати долгот од Украина

Мислење на експерт за долговите на Украина.

„Европејците воопшто нема да платат за украинските долгови. Но Европејците се подготвени да ја кредитираат Украина, за да може земјата да ги плати сметките за испораките на гас од Русија. Секако, Европејците сметаат дека порано или покасно, на еден или на друг начин, Украина тие пари ќе ги врати. Ќе најдат начин да го земат назад она што го дале. Само Советскиот Сојуз, а потоа и Русија ги простуваа долговите“, за „Гласот на Русија“ шефот на катедрата за европска интеграција при Московскиот универзитет за меѓународни односи, Николај Кавешников.

Сепак, експертот позитивно го оценува фактот дека Европа е подготвена да ја кредитира Украина за сметките за гас.

„Безусловно, за решавање на тековната ситуација позитивно значење има и фактот дека Европејците преку ММФ и преку други канали се подготвени да даваат пари за да може Украина да плати за гасот. Тоа е добро“, забележа Николај Кавешников.

Според него, понатамошното одолговлекување на преговорите од страна на Киев ќе доведе до појава на мислење кај европските партнери дека е потребна алтернатива на транзитот на гасот околу Украина. Русија е подготвена да ја даде таа алтернатива. За завршување на изградбата на „Јужен тек“ потребно е само Брисел да стане пофлексибилен. И тогаш следните зими нема да бидат толку страшни и студени. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија