Украина добива реверсен гас од Европа за 400 долари по 1.000 метри кубни, што е повеќе од цената предложена од Русија во рамките на трилатералните преговори со Украина и ЕУ ов петокот. Овие пресметки ги пренесе Рустам Танкаев, генерален директор на „ИнфоТЕК-Терминал“.
„Утрово, благодарејќи на нашите контакти со колегите од Унгарија, Словачка и Полска, ние добивме прогноза за испорака на гас во Украина за септември годинава во обем од 1.063 милијарди кубни метри“, изјави Танкаев.
„Од друга страна, претседателот на Националната банка на Украина на 15 септември изјави дека за плаќање на ова количество гас издвоени се 426 милиони долари. Оваа цифра ја потврди и шефот на Министерството за енергетика на Украина, Јуриј Продан. Ако ја поделиме оваа цифра со другата, ќе добиеме средна цена од 400,75 долари за 1.000 метри кубни“, изјави тој.
„Тоа е малку повеќе од тоа што го пренесоа украинските политичари, повеќе од цената која Украина планира да ја плати за гасот“, резимираше експертот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче