Вооружените сили на Тајланд потпишаа договор за купување на втора партија руски хеликоптери – два Ми-17В-5, изјави за РИА „Новости“ официјален претставник на Центарот за анализа на светската трговија со оружје (ЦАМТО, Русија).
Во февруари 2011 година Тајланд купи три хеликоптери Ми-17В-5. Тоа е прв пат Армијата на Тајланд да купи оружје од Русија.
„Рособоронекспорт“ не ја коментира оваа информација.
Владата на Тајланд во окромври 2013 година одобри средства за купување осум мултифункционални хеликоптери (Ми-17В од Русија и UH-72A од САД).
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче