Сѐ помалку Руси купуваат недвижнини во балтичките држави, пренесува Deutsche Welle. Според мислењето на експертите, оваа тенденција е поврзана со влошените односи меѓу Русија и Западот после случувањата во Украина.
Шефот на одделот за оцена и анализа на пазарот во литванската компанија Ober-Haus, Саулус Вагонис, во интервју за германскиот весник изјави дека до почетокот на украинската криза жителите на Русија доста почесто купувале недвижност во балтичките земји. Русите биле привлечени од ниските цени и статусот резидент, кој дозволува да се добие дозвола за привремен престој во ЕУ.
„Граѓаните на РФ претпочитаа да купуваат станови во новоизградени згради во различни делови на градовите. Нивната цена варира од 70.000 до 150.000 евра“, изјави Вагонис.
Според мислењето на експертот, интересот на Русите за купување станови во балтичките држави ќе зависи од понатамошниот развој на односите меѓу Русија и Западот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче