Русија не се чувствува себеси во изолација поради санкцискиот притисок и не планира да се откаже од соработката со Западот, изјави шефот на МНР на Русија, Сергеј Лавров.
„Безусловно, никаква изолација не чувствуваме, но кажувајќи го ова, ќе подвлечам – ние не сакаме да одиме во крајности и да се откажуваме од европскиот и американскиот вектор на нашата надворешноекономска и меѓународна соработка“, изјави тој во интервју за „Петтиот канал“.
Односите меѓу Русија и Западот се влошија поради ситуацијата во Украина. Кон крајот на јули ЕУ и САД од индивидуални санкции против одделни лица и компании преминаа на мерки против цели сектори од руската економија. Како одговор на тоа, Русија го ограничи увозот на производи од државите кои воведоа против неа санкции: САД, ЕУ, Канада, Австралија и Норвешка.
Шефот на МНР е убеден дека тоа што се случува сега е „привремено“. „Објективната тенденција се состои во тоа колективно, со заеднички напори да ги решиме политичките проблеми во светот и најефективно и максимално да ги развиваме нашите економии“, забележа тој.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче