Претставници од Русија и Индија разговараа за проектот за изградба на нови реактори во индиската нуклеарна централа „Куданкулам“, изјави генералниот директор на руската компанија „Атомстројекспорт“, Валериј Лимаренко.
„Индиските колеги ни соопштија дека се подготвуваат за соработка со Руската Федерација“, изјави Лимаренко.
Нуклеарната централа „Куданкулам“ се гради со техничка соработка со Русија, согласно меѓувладиниот договор од 1988 година и анексот од 1998 година. Нарачател на проектот е корпорацијата NPCIL. Реализацијата на првиот и вториот реактор од оваа нуклеарна централа со моќност од 1.000 мегавати ја изврши „Атомстројекспорт“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче