Односите меѓу Русија и САД бараат второ „рестартирање“

Односите меѓу Русија и САД бараат второ „рестартирање“, изјави шефот на МНР на Русија, Сергеј Лавров.

Односите меѓу Русија и САД бараат второ „рестартирање“, изјави шефот на МНР на Русија, Сергеј Лавров.

„Контакти има, дијалог има, макар и во скратена форма, но тој постои. Главниот проблем е дека ние сме заинтересирани за нормализација на односите, кои, напомнувам, ние не ги дестабилизиравме. И сега се бара нешто, што Американците, веројатно, ќе го наречат „рестартирање“, термин кој беше измислен од администрацијата на претседателот на САД, Барак Обама после последните години на владеењето на Џорџ Буш, кога односите меѓу двете земји започнаа да се подобруваат“, изјави Лавров.

Како што забележа министерот, постојната администрација на САД го руши она што долго време се создаваше заедно со Русија. „Веројатно после ова ќе биде измислено име ‘рестарт број 2’ или ‘рестарт 2.0’, додаде Лавров. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња