Лавров: Западот не може да се оттргне од позицијата дека за сѐ е виновна Русија

Западните политичари не можат да ги напуштат позициите дека за кризата во Украина е виновна Русија, иако и разбираат дека и самите во Украина „додале доволно бензин во огнот“, изјави шефот на МНР на Русија, Сергеј Лавров.

„Сметам дека ќе има уште една студена војна. Таа сега се случува, пред сѐ, во информативното пространство. Во претходната студена војна повторно се користеа медиумите, но не може ниту одблиску да се спореди тоа со она што се прави денес. Во моите контакти со Џон Кери и со министрите за надворешни работи на Германија, Франција и многу други европски земји чувствувам дека ним не им се допаѓа позицијата која ја зазеле, дека за кризата во Украина виновна за сѐ е Русија“, изјави тој. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија