Вашингтон не ги ислуша предлозите на Москва за заедничката борба против тероризмот, вклучувајќи го и тој во Сирија, и раководејќи се до двојни стандарди ја пропушти појавата на опасноста од „Исламската држава“, смета шефот на МНР на Русија, Сергеј Лавров.
„Тие (Западот) се изненадија, притоа, со цел трагизам на ситуацијата, дури откако ги видоа тие одвратни кадри на обезглавување на американските новинари на телевизија. Тоа е неприфатливо и нечовечно... Но зошто Американците порано не ја забележаа оваа опасност? Затоа што приоѓаат кон задачата за борба против тероризмот со двојни стандарди и не нѐ слушаа кога повикувавме да се обединат нашите сили и да му помогнеме на сириското раководство да создаде единствен фронт против терористите“, изјави Лавров.
Тој забележа дека “сега, кога ‘Исламската држава’ е прогласена за главен непријател на САД, сакам да напомнам дека истите тие луѓе кои ја зацврстија и зајакнаа ИД, истите добиваа моќна финансиска поддршка однадвор кога се вршеше промената на режимот во Либија, кога се правеа обиди истото да се направи и во Сирија, кога ‘сите тие средства беа добри’“.
„Тогаш и Американците и Европејците изјавуваа дека ја поддржуваат борбата против тие ‘антинародни’ режими“. Кога го насочувавме вниманието кон тоа дека на страната на противниците на режимите војуваат екстремисти и терористи, нам ни кажуваа “ќе помине и тоа“ – еве, ќе го симнеме режимот, а потоа со тоа ќе се расправаме... Не нѐ слушаа“, изјави Лавров.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче