Русија и Мексико ќе преговараат за безвизен режим меѓу двете земји, изјави шефот на МНР на Русија, Сергеј Лавров во интервју за телевизискиот каналт „Русија“.
„Имам неколку држави во Латинска Америка со кои не сме потпишале договор за безвизен режим. Меѓу нив е Мексико, но со министерот за договоривме да преговараме за тоа, како и Панама и уште некоја земја. Со останатите веќе имаме безвизен режим“, изјави Лавров.
Претходно шефот на МНР на Русија и Хондурас потпишаа договор за безвизен режим меѓу граѓаните на двете држави.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче