Составот на земјите-учеснички во Евроазиската економска унија ќе се проширува, а првите плодови од оваа унија ќе можат да се почувствуваат наскоро, изјави шефот на МНР на Русија, Сергеј Лавров.
Според неговите зборови, Русија е отворена за било кој формат на соработка во услови на рамноправност и заемна корист.
„Името така ги градиме односите со голем број држави – Кина, Индија, во рамките на БРИКС, ШОС – а исто така реализираме перспективни интегративни проекти на постсоветското пространство – се создава Евроазиската економска унија. Таа унија пројавува интерес кај нови држави, и членскиот нејзин состав ќе се проширува. Процесот ќе заземе доста време, но убеден сум дека наскоро ќе се почувствуваат првите плодови од нашата интеграција“, забележа Лавров.
Русија, Белорусија и Казахстан на 29 мај потпишаа во Астана договор за создавање на Евроазиска економска унија, кој треба да стапи на сила од 1 јануари 2015 година. Во ЕЕУ влегуваат учесничките во Царинската унија, чиј удел во БДП на ЗНД учествува со 85%.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче