Шефот на МНР на Русија, Сергеј Лавров ги обвини западните партнери за нарушување на сопствените договори за регулирање на украинската криза.
„Кога ние (РФ) повикавме да се исполнат обврските кои беа преземени на 21 февруари и се обидувавме да ги советуваме нашите западни партнери да имаат свест околу тоа, особено оние кои непосредно зедоа учество во подготовката на истите, нам ни кажуваа дека возот заминал и дека ситуацијата се променила. Како може ситуацијата да се измени на начин на кој задачата за национално единство станала излишна и неактуелна?“, изјави Лавров во интервју за телевизискиот канал „Русија“.
Договорот меѓу опозицијата и претседателот на Украина (во тоа време – Виктор Јанукович) беше потпишан на 21 февруари во присуство на министрите за надворешни работи на Германија, Франција и Полска, а прва точка во договорот беше обврската да се создаде влада на национално единство.
„Разбирате какви објаснувања доаѓаа во наша адреса кога настојувавме да се изврши женевскиот договор и да се започне со уставна реформа. Ни зборуваа дека, еве, знаете, изјавата е добра, САД и ЕУ се потпишаа, но веќе постои мировен план (на претседателот Петро Порошенко). Менувањето на плановите не е чесно, како прво, а како второ – сосема неефективно“, подвлече министерот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче