Уште еден затворен Мекдоналдс во Русија

Уште еден ресторан од мрежата ресторани за брза исхрана „Мекдоналдс“ е затворен во Русија, во градот Нижни Новгород, пренесува кореспондент на РИА „Новости“.

Уште еден ресторан од мрежата ресторани за брза исхрана „Мекдоналдс“ е затворен во Русија, во градот Нижни Новгород, пренесува кореспондент на РИА „Новости“.

На вратите на ресторанот стои известување дека „поради технички причини ресторанот не работи“.

Во градот Нижни Новгород постојат осум ресторани „Мекдоналдс“.

Масовните проверки на рестораните „Мекдоналдс“ се спроведуваат од август. Досега времено е прекината работата на 10 ресторани, од кои повеќето се затворени според решенија на судовите. Компанијата изјави дека ќе ги обжали тие решенија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.