Роскосмос изјави дека „Протон“ е подготвен за лансирање

Роскосмос изјави дека ракетата-носач „Протон-М“ е подготвена за лансирање.

Роскосмос изјави дека ракетата-носач „Протон-М“ е подготвена за лансирање.

Како што е пренесено на конференцијата за печатот во Федералната вселенска агенција, државната комисија донела решение за подготвеност на „Протон“ за лансирање после четиридневните тестирања на лансирната рампа.

Ова ќе биде прво лансирање после катастрофата која се случи во мај.

Претходното лансирање на „Протон“ се одржа ноќта на 16 мај. Ракетата-носач требаше да изнесе на орбита телекомуникациски сателит. Сепак, поради дефект на третиот степен, „Протон“ согори во атмосферата над територијата на Кина. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.