Помошникот на претседателот на Русија, Јуриј Ушаков изјави дека средба меѓу рускиот лидер и неговиот украински колега е можна во Европа, но не се знае точниот датум на одржување.
„За време на телефонскиот разговор нашиот претседател и Порошенко ја опфатија темата за можниот личен контакт, како и можното учество на германската канцеларка и францускиот претседател. Конкретни рокови не беа објавени“, изјави помошникот на претседателот.
„Не е исклучена таквата средба... Сега се разговара на таа тема, но не се објавуваат конкретни рокови“, додаде Ушаков.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.