Претставникот на ОБСЕ околу прашањата за слободата на говорот, Дуња Мијатовиќ, го повика украинскиот Национален совет за радиодифузија да ги почитува донесените решенија за забрана на емитување на телевизиски канали за да го почитува принципот на слободата на говорот.
На територијата на Украина забрането е емитувањето на 15 руски телевизиски канали. Претставниците на МВР на Украина и Националниот совет за радиодифузија отворено изјавуваат дека тој список и понатаму ќе се проширува. Исто така, Службата за безбедност на Украина реши да им забрани на 35 новинари од Русија влез во државата.
Во четвртокот во Киев се оствари средба меѓу Мијатовиќ и претставници на Националниот совет за радиодифузија.
„Госпоѓа Мијатовиќ ја изрази својата јасна позиција за тоа дека решенијата на регулаторот околу забраната за емитување на некои телевизиски канали треба да бидат исклучително основани на законодавството. Според неа, крајно важно е работата на регулаторот да биде независна и транспарентна, а самиот орган во текот на својата дејност да го поставува прашањето за слободата на изразувањето, стандардите и законите“, изјавено е на конференцијата за печатот во Националниот совет за радиодифузија на Украина.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче