Министерството за економија на Русија оваа година очекува влошување на показателите во надворешната трговија на државата, се кажува во материјалите на министерството.
Надворешнотрговскиот обрт од јануари до јули годинава во Русија изнесуваше 483,5 милијарди долари, што е намалување за 0,8% од истиот период минатата година. Притоа, увозот е намален за 4,9%, а извозот е зголемен за 1,9%.
Рускиот увоз од јануари до јули покажа негативна динамика, предизвикано од падот на физичките набавки на производи – намален е бројот на увезени автомобили и опрема, како и производи од хемиската и металуршката индустрија.
Во вторите шест месеци од 2014 година се предвидува намалување на извозот, пред сѐ, како резултат на намалувањето на цените на нафтата до 100,7 долари за барел нафта, а исто така и како резултат на намалувањето на цените на гасот кој се извезува.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче