Лавров: условите на САД за укинување на санкциите се несериозен чекор

Москва ги смета за несериозни предлозите на САД, со кои се поставуваат услови за укинување на санкциите против Русија, ова го пренесува РИА „Новости“, повикувајќи се на зборовите на министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров.

„Се обидуваат да ни пратат сигнали: ајде да ги усогласиме критериумите кои вие ќе ги исполните, и тогаш дури малку по малку ќе ви ги укинуваме санкциите. Тоа не е сериозно. Дури се изненадувам од луѓето кои се занимаваат со дипломатија и од решенијата до кои доаѓаат“, забележа Лавров.

Освен тоа, шефот на руското МНР подвлече дека Русија не гледа потреба од преземање чекори за подобрување на односите со САД, бидејќи државата секогаш е подготвена за дијалог во услови на рамноправност и чесност. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња