Лавров: промените на режими се опасни за светот

Операциите за промена на режимите во суверените држави се обвиткани со негативни последици и светската заедница мора да ја почитува желбата на народите за свој, сопствен пат по кој ќе се движат и развиваат, земајќи го предвид спротивставувањето на секаков екстремизам и тероризам, изјави шефот на МНР на Русија, Сергеј Лавров.

Министерот упати поздрави кон учесниците на 12-та сесија на Светскиот општествен форум „Дијалогот меѓу цивилизациите“ на грчкиот остров Родос.

„Било кои обиди однадвор да се наметнат сопствени вредности, готови рецепти за остварување на одредени трансформации, вклучувајќи ја и промената на режимите во суверените држави – доведува до сериозни негативни последици. Треба да се има почит кон правото на народите самостојно да ја определуваат својата иднина“, изјави Лавров.

Како што забележа шефот на руската дипломатија, Русија се застапува за обединување на силите на светската заедница и барање на колективни одговори за светските закани.

„Таков приод се бара во сите држави, вклучувајќи го и Блискиот Исток и Северна Африка, каде интересите за стабилизација на ситуацијата бараат создавање на комплексна стратегија, која вклучува решителна борба против екстремизмот, борба со тероризмот во сите негови форми и помагање за ефективно регулирање на конфликтните ситуации“, забележа Лавров. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња