Горбачов: студена војна меѓу Русија и САД засега нема

Поранешниот претседател на СССР, Михаил Горбачов смета дека во моментов нема студена војна меѓу Русија и САД; притоа, тој забележа дека руските власти водат правилна политика.

Поранешниот претседател на СССР, Михаил Горбачов смета дека во моментов нема студена војна меѓу Русија и САД; притоа, тој забележа дека руските власти водат правилна политика.

„Студена војна сѐ уште нема, иако се забележуваат признаци за истата. Нема потреба од студена војна. Тоа трае десетици години. Јас сум за барање излез од оваа ненормална ситуација“, изјави Горбачов за „Руската служба за вести“.

Тој напомна дека било тешко да се менуваат односите со САД кога тој бил претседател. „Тешко е за нашите граѓани – тие смета дека нема да најдеме со нив заеднички јазик. Но Америка е голема држава и ние треба да имаме со неа добри односи“, додаде Горбачов.

Притоа, тој е убеден дека руските власти во сегашните услови ја зазеле правилната позиција. „Не треба да се губи главата, не треба да се губи здравиот ум. Ние сме силна нација и има на што да се потпреме, имаме што да кажеме“, изјави поранешниот претседател на СССР. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња