Економскиот раст во Унгарија може да биде помал годинава поради конфликтот во Украина и мерките кои Русија ги донесе како одговор на санкциите од Западот, пренесува весникот Wall Street Journal, повикувајќи се на Централната банка на Унгарија.
Негативно влијание врз унгарската економија доаѓа од руските трговски санкции, како и од случувањата на истокот на Украина, кои влијаат на намалувањето на унгарскиот извоз. Како што забележува Централната банка на Унгарија, економскиот раст на државата може да биде помал за 0,2% годинава и за 0,4% следната година.
Банката очекува годинава економскиот раст на Унгарија да изнесува 3,3%, а следната – 2,5%. Сепак, во случај да се воведе забрана за увоз на автомобили во Русија од ЕУ, тие цифри можат да се изменат, изјави директорот на банката, Варнабас Вираг.
Унгарија во најголема мера извезува лекови, машини и транспортни средства, додека забраната за увоз на прехранбени производи не влијаеше многу на структурата на извозот од Унгарија во Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче