Русија ќе изгради воен град на Арктикот

На островот Котелни во Русија во тек е изградба на воен град „Северен клевер“, изјави Вадим Серга, официјален претставник на Северната флота.

На островот Котелни во Русија во тек е изградба на воен град „Северен клевер“, изјави Вадим Серга, официјален претставник на Северната флота.

Според неговите зборови, за изградбата на административно-станбениот комплекс „Северен клевер“ на островот Котелни во моментов се ангажирани 440 работници и околу 120 единици градежна и специјална техника.

Според информацијата на флотата, воениот град „Северен клевер“ ќе биде град од затворен тип, а истиот се гради со најсовремени материјали и технологии. Градот ќе ги има сите услови за да се сведе на минимум потребата да се излегува надвор од зградите.

Серга додаде дека се планира монтирање на станбени модули во кои ќе има комфорен простор за еден-двајца во соба. Освен службени и станбени простории, во градот ќе има клуб, спортска сала и сауна. Воениот град ќе биде снабден до електрична станица, трансформатор, како и комплекс на машини за прочистување на водата и обработка на фекалиите. 

Повеќе околу темата:

Децата на затворениот град

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња