Русија е подготвена да започне крупен проект за освојување на Месечината

Роскосмос планира да започне крупна програма за освојување на Месечината кон крајот на 20-те и почетокот на 30-те години, изјави раководителот на Роскосмос, Олег Остапенко.

Роскосмос планира да започне крупна програма за освојување на Месечината кон крајот на 20-те и почетокот на 30-те години, изјави раководителот на Роскосмос, Олег Остапенко.

„Кон крајот на следната деценија планираме да го завршиме тестирањето на ракетата од супертешка класа и да започнеме со освојување на Месечината. Дотогаш би требало на Месечината веќе да се наоѓаат перспективните лунарни апарати и бази“, изјави Остапенко.

Подготовката за освојување на Месечината веќе започна, забележа шефот на Роскосмос.

„Реализирајќи ги на пракса директивите на политиката на Руската Федерација во вселенската дејност до 2030 година, ние уште денес започнавме со проектирање на новиот вселенски брод, кој треба да стане првиот елемент од перспективниот пилотиран систем, заедно со новите ракети од тешка и супертешка класа“, изјави Остапенко.

Според неговите зборови, тој систем треба да испорача товар и екипаж на Месечината, в во иднина – и во длабоката вселена. 

Повеќе околу темата:

Русите заминуваат на Месечината

Циолковски - научникот што разговараше со ангелите

Планот на Русија за освојување на Месечината

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња