Најголем дел од граѓаните на Русија сметаат дека ситуацијата во државата е нормална или добра, а само 15% го сметаат обратното, сведочат податоците на Серускиот центар за проучување на јавното мислење (ВЦИОМ).
Според податоците на социолозите, повеќе од две третини од Русите (69%) сметаат дека во државата „сѐ е нормално“, 12% сметаат дека е „добро“, а 2% - „одлично“. Притоа, 14% сметаат дека во Русија „сѐ е лошо“, а само 1% изјавиле дека „сѐ е ужасно“.
Според податоците на социолозите, речиси половина од Русите (47%) изјавиле дека нивниот живот во земјата е „задоволувачки“, и дека сите проблеми можат да бидат надминати. Речиси ист процент на жители изјавиле дека „тешко е да се живее, но може да се трпи“, а 4% изјавиле дека имаат тежок живот.
Повеќе околу темата:
Русите се сметаат себеси за патриоти
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче