Претседателот на Украина, Петро Порошенко изјави дека не се плаши од Русија и не може да си претстави дека некој лично му се заканува.
Агенцијата Ројтерс во вторник пренесе дека рускиот претседател, наводно, му пратил писмо на украинскиот претседател, во кој тој го потсетил на намерата Москва да го ограничи пристапот на украинските стоки до рускиот пазар доколку Киев пристапи кон имплементација на договорот за асоцијација и слободна трговија со ЕУ. Неколку други медиуми ова го претставија како некоја „закана“ од страна на рускиот претседател. Во Москва не ги коментираат овие соопштенија.
На големата конференција за печатот во четвртокот, Порошенко одречно одговори на прашањето дали рускиот претседател му се заканувал и дали ќе преземе мерки Москва доколку Украина не ја одложи имплементацијата на договорот за евроинтеграција.
„Прво. Јас не се плашам од ништо и никогаш не сум се плашел. Не можам ниту да си претставам дека за време на разговор некој би ми се заканувал. Во таков случај мојата реакција би била брза. Хипотетички – може ли да има притисок врз Украина? Може, но тоа ќе биде без резултат“, изјави претседателот на Украина.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче