Рускиот патријарх Кирил ќе го посети Иран, каде треба да се сретне со духовниот лидер на таа држава, ајатолахот Али Хомеини, се кажува во известување на службата за комуникација при Московската патријаршија.
Според информациите кои доаѓаат од Московската патријаршија, патријархот се сретнал со ополномоштениот амбасадор на Иран во Русија Мехди Санаи, после што амбасадорот забележал дека во Иран добро го знаат и љубат поглаварот на Руската црква, и од име на раководството на државата го покануваат патријархот да го посети Техеран и да се сретне со врховниот духовен лидер, ајатолахот Али Хомеини.
„Внимателно ја примив поканата. Не можам да кажам кога тоа ќе се случи, но би сакал да го посетам Иран и да се сретнам со духовниот лидер на вашата држава“, изјави поглаварот на РПЦ.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче