Геополитичките шокови учествуваат со 4% од БДП во платниот биланс на Русија

Геополитичките шокови и намалувањето на цената на нафтата учествуваат со 4% од БДП во платниот баланс на Русија, изјави директорот на одделот за долгорочно стратешко планирање при Министерството за финансии на Русија, Максим Орешкин.

Тој напомна дека Русија годинава се судрила со неколку надворешни шокови, од кој првиот бил повлекувањето на инвеститорите од пазарите во развој, а потоа и влошувањето на односите со Западот.

„Најголем шок однадвор е политичкиот шок. Влошувањето на геополитичката ситуација, од гледна точка на макроекономијата, удри, пред сѐ, врз платниот баланс“, изјави чиновникот, додавајќи дека влијанието на тој фактор во платниот баланс се оценува на 2% од БДП.

Освен политичкиот фактор, врз руската економија влијае и намалувањето на цените на нафтата. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.