Западни медиуми: Германија ги губи потенцијалните инвеститори поради одговорот на Русија

Германскиот бизнис се наоѓа во состојба на очекување на „мрачната иднина“, бидејќи санкциите кои ги воведе Русија како одговор на западните почнуваат негативно да влијаат на претпријатијата во државата, пишува новинарот Шејн Круше од весникот Business Times.

Показателите за растот на деловната клима во германската индустрија и трговија во септември паднаа до 104,7 поени, што е најлош резултат за Германија од април 2013 година.

Авторот забележува дека опасноста од ескалација на односите меѓу Русија и ЕУ ги брка потенцијалните инвеститори од Германија, поради што забележително се намалија показателите за економскиот раст на земјата.

„Како најголема економија во еврозоната, Германија помага во растот на сите учесници во валутниот блок. Од санкциите на Русија ќе настрада не само германскиот бизнис, туку и останатите 17 членови на еврозоната“, пишува International Business Times. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња