„Утврден е новиот состав на експедицијата во Меѓународната вселенска станица“, соопшти за РИА „Новости“ претставник од Роскосмос.
„Лансирањето е предвидено за 26 септември во 00:25 часот по московско време. За прв пат во орбитата после 17 години ќе полета руска жена-космонаут, Елена Серова. Друштво ќе ѝ прават космонаутот Александар Самоуктјаев од Русија, и Бари Вилмор од САД“, изјави соговорникот за РИА „Новости“.
Претходно новиот екипаж заврши со тренирањето и припојувањето кон Меѓународната вселенска станица на симулатор. Освен тоа, космонаутите и астронаутот поминаа низ проверка на скафандрите, ја проверија работата на системите за врска на бродот и се запознаа со составот на товарот кој ќе го однесат на Меѓународната вселенска станица.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.