Светската банка ја задржа прогнозата за раст на БДП на Русија во 2014 година. Според прогнозата на оваа институција, руската економија во 2014 година ќе порасне за 0,5%, а следната година се очекува раст од 0,3% до 1,5%, а во 2016 – од 0,4% до 2,2%, се кажува во извештајот на СБ.
„Нашата основна прогноза изнесува 0,5% во 2014 година, и 0,3% и 0,4% во 2015 и 2016 година. Ова е основна прогноза и истата предвидува отсуство на понатамошна ескалација на геополитичката состојба и отсуство на нови санкции“, се кажува во документот.
Прогнозите на Светската банка совпаѓаат со очекувањата на руските власти годинава, но сепак, во следните две години руската влада очекува поголем економски раст.
Русија очекува од 2015 до 2017 година Економијата да расте од 1% до 2%.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче