Воено-морската флота на САД е загрижена поради развојот на нуклеарни подморници од страна на Русија и Кина, чии технички можности суштествено се зголемени во последните неколку години, пишува The Inquisitr.
Весникот напомнува дека успешно е пуштена во море атомската подморница „Владимир Мономах“ во Белото море со меѓуконтиненталните балистички ракети „Булава“, кои пред неколку дена поразија цели на Камчатка, наоѓајќи се 5.500 километри од точката на лансирање. Исто така, весникот пишува за постоењето на програма за модернизација на руското нуклеарно оружје од 2016 до 2025 година.
За заканата која доаѓа од воено-морската флота на Русија и Кина изјави и американското вице адмирал Мајкл Конор. Според неговите зборови, Русија продолжува да ги развива своите нуклеарни способности. За Конор причина за опасност е и Кина – тоа е држава која поседува неколку атомски подморници со балистички ракети, а впрочем, истата продолжува да гради уште повеќе такви подморници“.
Управата на воено-морското разузнавање на САД верува дека ВМФ на Кина во моментов развива можности за удар по цели кои се наоѓаат на големи растојанија од сопствената територија. Совен тоа, пуштањето во море на атомската подморница „Цин“ ја означува „првата сериозна возможност на Кина за удар од море“.
Повеќе околу темата:
Црноморската флота добива уште една подморница
Дополнителен руски контингент на Крим
Русија ја засилува нуклеарната „тријада“
Подводна ракета обвиена со гасен меур
Руските подморници со нови балистички ракети „Лајнер“
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче