Повеќе од 4,3 милиони емигранти нелегално живеат и работат во Русија, изјави заменикот на раководителот на Федералната служба за миграција, Анатолиј Фоменко.
Од почетокот на годината повеќе од 13,5 милиони странци ја посетиле Русија, а во моментов во државата се наоѓаат 11,8 милиони. Тие доаѓаат не само да работат, туку и да студираат, на гости или како туристи, забележа Фоменко.
Притоа, на територијата на Русија во моментов се наоѓаат 8 милиони лица кои можат да влезат во државата без потреба од виза, што ја зголемува можноста за појава на нелегална емиграција.
Фоменко забележа дека нарушувања во областа на миграциското законодавство извршуваат млади луѓе кои лошо го владеат јазикот и не се интегрирани во руското општество. Тие работат најчесто нелегално, додаде Фоменко.
Повеќе околу темата:
На руската економија ѝ требаат емигранти
3,3 милиони гастарбајтери во Москва во 2013
Четири пати повеќе емигранти во Русија во последните 10 години
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче