Еспарса: последиците од притисокот врз Русија ќе бидат неочекувани за САД

Економскиот и политичкиот притисок врз Русија може да заврши со зацврстување на врските меѓу државите кои не се заинтересирани за постоење на монополарен свет, смета шпанскиот публицист Хосе Хавиер Еспарса.

Економскиот и политичкиот притисок врз Русија може да заврши со зацврстување на врските меѓу државите кои не се заинтересирани за постоење на монополарен свет, смета шпанскиот публицист Хосе Хавиер Еспарса.

„Кога САД заминаа од Авганистан после завршување на поставените цели, во регионот почна да јакне и да ја покажува силата Пакистан. Поддршката за сириската демократска опозиција заврши со јакнење и раст на радикализмот преку појавата на Исламската држава. Во Вашингтон треба да сфатат дека бранот санкции против руската економија може да доведе до конечно вртење на Русија кон Кина“, уверен е публицистот.

Хосе Еспарса ги нарекува САД „лекомислен гигант кој крши сѐ што допре“ и чии дејства често имаат „спротивен карактер од првоначално поставените задачи“.

„Военото вмешување на САД во внатрешните работи на другите држави прикажува една тенденција: на почеток Вашингтон ги остварува своите краткорочни задачи и создава множество други проблеми за останатите држави, а потоа во регионот се појавува трета сила која ги решава тие проблеми, засилувајќи ги сопствените позиции, што многу ретко одговараат на американските позиции“, смета Еспарса. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.