Позитивното салдо од надворешната трговија на Русија во периодот од јануари до јули 2014 година порасна за 14,3% и изнесува 119,9 милијарди долари, пренесува Росстат, повикувајќи се на податоци од Централната банка на Русија.
„Од јануари до јули годинава во трговијата на Русија со другите земји остварен е обрт од 483,5 милијарди долари, од кои извозот учествува со 301,7 милијарди долари, а увозот со 181,8 милијарди долари. Забележан е суфицит во трговскиот баланс од 119,9 милијарди долари“, се кажува во соопштението.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.