Политиколог: ЕУ ќе гради односи со Русија поради сопствените проблеми

Европските држави ќе се вратат кон потребата од создавање на прагматични односи со Русија, бидејќи во самата ЕУ расте нестабилноста, смета в.д. директорот на Институтот за Европа при Руската академија на науки, Алексеј Громико.

Европските држави ќе се вратат кон потребата од создавање на прагматични односи со Русија, бидејќи во самата ЕУ расте нестабилноста, смета в.д. директорот на Институтот за Европа при Руската академија на науки, Алексеј Громико.

„Тоа што нѐ турка нас и Европа кон повторно создавање на доверба и наоѓањето начини да се излезе од проблемите – е дестабилизацијата која расте насекаде околу Европа и во нејзините маргини“, изјави Громико за време на „отворената трибина“ „Русија – Европа: важно е да се зачува довербата“ во Државната дума на Русија.

Според зборовите на Громико, „традиционалните“ опасности кои доаѓаат за Европа од балканскиот правец, а исто так аи од Либија, Ирак и Авганистан, се зголемија, а дополнителне притисок се чувствува и од источните граници – од Украина. Притоа, европските држави и понатаму ги чувствуваат последиците од финансиската криза, а некои сѐ уште се во период на рецесија.

„Во повеќето ЕУ држави невработеноста расте, а најдраматична е ситуацијата во Грција, Шпанија, Кипар, Хрватска, а во Франција невработеноста веќе надминува 10%. Гледаме дека Европа де-факто, иако не официјално, навлезе во период на дефлација“, подвлече Громико. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња