Советот за безбедност на Русија за време на состанокот во понеделникот не разговарал околу прашањето за исклучување на Русија од Интернет, изјави портпаролот на претседателот на Русија, Дмитриј Песков.
Претходно беше соопштено дека шефот на државата, Владимир Путин разговарал со постојаните членови на Советот за безбедност за реализирање на планот за регулирање на ситуацијата на југоисточна Украина.
„Разговорите за исклучување од Интернет не беа на распоредот на денешното заседание на Советот за безбедност на Русија“, изјави Песков.
На меѓународниот инвестициски форум во Сочи шефот на Министерството за комуникации и врски, Николај Никифоров изјави дека владата на Русија не го разгледува исклучувањето на Русија од Интернет, но спомна дека се создава план на дејство во случај истиот да биде однадвор исклучен.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче