Наришкин: санкциите на ЕУ против Русија се аморални

Спикерот на Државната дума на Русија, Сергеј Наришкин, смета дека санкциите на Европската унија против Русија носат аморален карактер, бидејќи ниту едно од тие решенија на Европа не било донесено од потреба.

Спикерот на Државната дума на Русија, Сергеј Наришкин, смета дека санкциите на Европската унија против Русија носат аморален карактер, бидејќи ниту едно од тие решенија на Европа не било донесено од потреба.

„Ниту едно од тие решенија не е донесено од потреба, дури и се донесени под притисок. Поради тоа посилен е и аморалниот карактер на истите“, изјави Наришкин во Државната дума.

Наришкин наведе неколку случки после кои станало потешко да се верува на европските партнери. „Се сеќавате, заради победата на мајданот, во ЕУ буквално ги затворија очите и ушите на пронацистичките акции. Не само тоа, ЕУ даде гаранции на претседателот Јанукович, а веќе пролетта официјална Европа ја поддржа воената операција на југоистокот на Украина“, изјави Наришкин.

Според неговите зборови, пред две недели, и покрај прекинот на огнот, до кој дојде како резултат на дејностите на претседателот на Русија, Владимир Путин, ЕУ повторно одговори со пакет санкции против Русија.

Наришкин забележа дека моралот и политиката секогаш одат рака под рака, а обидите да се разединат завршувале со трагични последици, понекогаш и со катастрофи, за што Европа има доста искуство во својата историја. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња