Западни медиуми: „војната на санкции“ удри по риболовството во Финска

Поради влошувањето на односите меѓу Русија и Западот, риболовството во Финска, кое испорачуваше во Русија речиси третина од своето производство, се најде под сериозен удар, соопшти Yle.fi.

Поради влошувањето на односите меѓу Русија и Западот, риболовството во Финска, кое испорачуваше во Русија речиси третина од своето производство, се најде под сериозен удар, соопшти Yle.fi.

„Во моментов се наоѓаме во недоумица и не знаеме каде можеме да ја извезуваме рубата. Ако санкцииве траат долго, на пример, до следната пролет, проблемите ќе се наталожат“, изјави лидерот на финскиот синдикат на риболовците, Ким Јордас.

Фабриките за преработка во Финска се приморани веднаш да бараат други пазари за своите производи, бидејќи дури и во ЕУ нема интерес да се купи рибата која останува. Во складовите веќе има наталожена резерва од 4.500 тони морски производи. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња